Вести

Градењето капацитети и вештини – една од клучните компоненти за развој на еко системот на социјалните претпријатија

Денеска завршува повикот за учество во едукативна и развојна програма за основање нови социјални претпријатија и јакнење на новоформирани, во организација на Центарот за развој на претприемачи и менаџери CEED Македонија и Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој, „Паблик“, во рамки на проектот „Социјални претпријатија – мост помеѓу социјалните претпријатија и традиционалните бизниси (SE-Bridge)“, финансиран од Европската унија, како дел од Програмата за прекугранична соработка помеѓу Македонија и Албанија Обуката која се планира за 17, 18 и 19 октомври, наменета е за поединци, тимови од две или повеќе лица, здруженија на граѓани, месни заедници и други соодветни кандидати кои имаат идеја за отпочнување на ново социјално претпријатие, или пак имаат новоформирано социјално претпријатие чиј модел допрва треба да се развива и јакне, и при тоа доаѓаат од Југозападниот или Пелагонискиот регион во Македонија.  Ваков тип едукативна и развојна обука за социјално претприемништво во изминатиов период се одржа и во Струга, Битола…
Read more...

Повик за консултанти за учество во изработка на Стратегија за развој на социјалните претпријатија во Македонија

ОПИС НА РАБОТНА ПОЗИЦИЈА Консултанти за учество во изработка на Стратегија за развој на социјалните претпријатија во Македонија. Консултантите треба да работат со договорен, флексибилен распоред во согласност со потребите на конкретниот проект: „Социјалните претпријатија - тежиште на триаголникот: Економски раст, развој на заедницата и социјална инклузија”. Во рамките на проектот се избираат тројца консултанти со цел да обезбедат соодветни стратешки насоки и препораки за развој на првата стратегија за социјалните претпријатија во Македонија. Консултантите ќе бидат вклучени во работните групи за социјалните претпријатија кои ќе бидат организирани во рамките на проектот „Социјалните претпријатија тежиште на триаголникот: Економски раст, развој на заедницата и социјална инклузија“ и во изработката на крајниот документ за стратегијата. Стратегијата ќе ги покрие следните компоненти од еко-системот во кој функционираат социјалните претпријатија: 1) Истражување, мапирање и мерење импакт; 2) Образование, тренинг и градење вештини; 3) Бизнис поддршка, инвестиции, пристап до пазари; 4) Мрежи, механизми за меѓусебна…
Read more...

Повик за учество во едукативна и развојна програма за основање нови социјални претпријатија и јакнење на новоформирани

Повик за учество во едукативна и развојна програма за основање нови социјални претпријатија и јакнење на новоформирани Отворен е ПОВИК за пријавување во втората група од едукативната и развојна програма за основање на социјални претпријатија и јакнење на новоформирани. Оваа програма се организира во рамките на проектот, „SE – Bridge“ финансиран од Европската унија преку ИПА програмата за прекугранична соработка помеѓу Македонија и Албанија. Целта на проектот е зајакнување на социјалните претпријатија (СП) во прекуграничниот регион преку поддршка за формирање нови, зацврстување на нивните капацитети за раст и развој, но и на капацитетите на веќе постоечките социјални претпријатија. Воедно, проектот работи на овозможување подобра соработка на социјалните претпријатија со традиционалниот бизнис сектор. Едукативната програма е наменета за поединци, тимови од две или повеќе лица, здруженија на граѓани, месни заедници и други соодветни кандидати кои имаат идеја за отпочнување на ново социјално претпријатие, или пак имаат новоформирано социјално претпријатие чиј модел допрва…
Read more...

НОВА ПУБЛИКАЦИЈА ВО ИЗДАНИЕ НА ПАБЛИК: Каков е импактот на граѓанскиот сектор врз општествените промени?

„Граѓанскиот сектор и општествените промени - вклученост и влијание“ е нова публикација во издание на Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој, „Паблик“, резултат на спроведено истражување во текот на 2016 и 2017 година. Овој документ на политики става светло врз граѓанскиот сектор во периодот од Рамковниот договор до крајот на 2016 година, со фокус на промените во сферата на образованието, здравството, културата, социјална сфера и на медиумите. Но, се осврнува и на настани што се случија по 2016 година, кои беа особено важни за општествената улога на граѓанскиот сектор во Македонија.„Во согласност со теренското истражување, граѓанските организации во Македонија создаваат социјален и интелектуален капитал што е важен ресурс за промена на структурата на системот, преземаат одредени функции од јавните институции, како децентрализацијата на социјалните услуги, што го промени начинот на системската грижа за лицата со посебни потреби и ја хуманизираше нивната интеграција во заедницата. И промените кон демократизација и граѓанизација…
Read more...

Неопходна е визија за иднината на социјалната економија во земјава

Во издание на Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој, „Паблик“, од неодамна достапен е нов документ на политики, „Како до развиен еко-систем за социјални претпријатија“, кој става фокус на состојбата со социјалното претприемништво кај нас. Постојната законска регулатива во Македонија не ги препознава и не ги регулира социјалните претпријатија и социјалното претприемаштво бидејќи сѐ уште не постои заедничко разбирање за концептите, велат авторките на оваа публикација. Ентитетите што го сочинуваат спектарот на социјалните претпријатија во земјата се разновидни, додаваат тие. Но, и покрај отсуството на специфични институционални форми за социјалните претпријатија, дел од постојните законски акти овозможуваат основање и функционирање ентитети што делумно или целосно можат да бидат препознаени како социјални претпријатија, како на пример граѓански организации и фондации, кооперативи, заштитни друштва, комори на занаетчии, земјоделски задруги, а и неформалниот сектор за собирање отпад го има потенцијалот да биде трансформиран преку социјално претприемаштво. „Креаторите на политиката во сферата на социјалното…
Read more...

Бенефитите од социјалното претприемништво – тридневна тема во Битола

Поединци, тимови и здруженија на граѓани кои имаат идеја за отпочнување на социјално претпријатие, или пак имаат новоформирано социјално претпријатие чиј модел допрва треба да се развива и јакне, од среда до петок, (27, 28 и 29 јуни), ќе бидат дел од обуката „Развој на одржливи социјални бизниси“ која што ќе се спроведе во Битола (хотел „Милениум Палас“). Тридневната работилница е во рамки на проектот „Социјални претпријатија – мост помеѓу социјалниот сектор и традиционалниот бизнис (SE-Bridge)“, финансиран од Европската унија во рамките на Програмата за прекугранична соработка помеѓу Македонија и Албанија, а во имплементација на Центарот за развој на претприемачи и менаџери CEED Македонија, Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој „Паблик“, Агритра Визион центар од Пешкопи Албанија и CEED Албанија. Програмата има за цел да ги зајакне капацитетите на постоечките социјални претпријатија од Југозападниот и од Пелагонискиот регион, и во исто време да укаже на придобвиките што ги носи социјалната економија…
Read more...

ПОВИК ЗА УЧЕСТВО ВО ЕДУКАТИВНА И РАЗВОЈНА ПРОГРАМА ЗА ОСНОВАЊЕ НОВИ СОЦИЈАЛНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА И ЈАКНЕЊЕ НА НОВОФОРМИРАНИ

Едукативната и развојна програма е наменета за поединци, тимови од две или повеќе лица, здруженија на граѓани, месни заедници и други соодветни кандидати кои имаат идеја за отпочнување на ново социјално претпријатие, или пак имаат новоформирано социјално претпријатие чиј модел допрва треба да се развива и јакне, и при тоа доаѓаат од некој од следните региони во Македонија: -        Југозападен регион, и -        Пелагониски регион.   Обуките ќе им овозможат на учесниците: Разработка и ревизија на нивниот бизнис модел и идеја; Унапредување на бизнис моделот и планот за развој на претпријатието и основање на социјално претпријатие на здрава и сигурна основа; Развој и јакнење на бизнис и менаџерски вештини; Зајакнување на свесноста за можностите за соработка со традиционалниот бизнис сектор; Вмрежување со други социјални претпријатија и носители на идеи за нивно формирање; Претставување пред потенцијални инвеститори. Работилницата ќе се одржи на 27, 28 и 29-ти јуни 2018-та година во Струга,…
Read more...

Распределбата на работници на работни места во други земји

ИСТОРИЈАТ Распределбата на работници на работни места во други земји (упатување), регулирано со Директивата за упатување на работници (Posted Workers Directive 97/71/ЕК), е важен канал за прекугранична мобилност на работната сила во рамките на единствениот европски пазар на труд. Иако ова го практикуваат сите земји-членки до одредена мера, највисоката мобилност доаѓа од земјите со пониски приходи од јужниот и источниот дел на ЕУ во земјите со повисоки приходи од западниот и северниот дел. Упатувањето беше и продолжува да биде од особена важност за време на транзициските периоди, кога одредени земји-членки го ограничуваат пристапот до пазарот на трудот за работниците од новите земји-членки. Во однос на неодамнешното минато на миграција кон земјите-членки на ЕУ, по падот на претходните политички режими, овој миграциски тренд се очекува да продолжи и откако земјите-кандидати од Западен Балкан ќе станат полноправни членки. ЦЕЛИ Проектот за упатување на работници од Источна Европа (EEPOW) има за цел проактивно…
Read more...

Граѓанскиот сектор - и коректив и партнер на институциите

Дали граѓанските организации треба да се коректив или партнер на власта? Колку отвореноста на системот за соработка и уважување на експертизите и знаењето на граѓанското општество може да поттикне придобивки за целата јавност? Постои ли црвена линија на здружување помеѓу јавните институции и невладиниот сектор? Ова беа само дел од прашањата на менито на панел дискусијата „Како до значајни општествени промени: Визии за иднината на граѓанското општество“, која се случи во рамки на денешното претставување на Инструментот за мерење на влијанието на граѓанските организации врз општествените промени, резултат на истражувањето „Граѓанското општество – активен или пасивен чинител во општествените промени“, кое го спроведе Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој, „Паблик“. Гостите учесници беа согласни дека импактот кој што го прават граѓанските организации е значителен, но, и дека постои простор за нивно повидливо присуство и влијание. Всушност, и самото истражување покажа дека долгорочните ефекти од делувањето на граѓанските организации изостануваат поради…
Read more...

Отсега граѓанските организации ќе можат да го измерат сопствениот импакт!

Започнат процес за деинституционализација, заживување на локалната културна сцена, унапредување на медиумската писменост, надополнување на образовниот систем преку неформалното образование, партнерство и преземање системски обврски во здравствениот сектор, се само дел од достигнувањата и успесите на граѓанскиот сектор во сферите на социјалата, образованието, медиумите, културата и здравството, покажува истражувањето „Граѓанското општество – активен или пасивен чинител во општествените промени“, кое го спроведе Асоцијацијата за истражување, комуникации и разво, „Паблик“. Но, колкав е реалниот импакт на граѓанскиот сектор во продуцирање позитивни општествени промени? Дали нивните експертизи и инпути се широко пречекани од институциите во креирањето стратегии во различни сфери и дали се перципирани како сојузници? Со цел граѓанските организации да го утврдат својот капацитет за поттикнување општествени промени, создаден е Инструмент за мерење на влијанието на граѓанскиот сектор врз општеството, кој што ќе биде претставен утре, (вторник, 5 јуни) на конференција на која што ќе бидат споделени и резултатите од истражувањето…
Read more...

Струга домаќин на социјалните бизниси од Југозападниот регион

Градот Струга наредниве три дена ќе биде домаќин на социјални претприемачи од Југозападниот регион кои што ќе бидат дел од едукативната програма „Развој на одржливи социјални бизниси“ која што ќе се одржува во хотелот „Дрим“. Програмата, чија цел е да ги зајакне капацитетите на постоечките социјални претпријатија од овој регион на земјава, во исто време ќе укаже и на придобвиките што ги носи социјалната економија како сектор кој развива економски активности за важни општествени цели. Во исто време, ќе бидат споделени европски и светски искуства кои ја манифестираат улогата на социјалната економија во создавањето соодветен пазар на труд за ранливите групи, како и знаења за нејзиното влијание во обезбедувањето соодветен еко систем за развој на локалните услуги и производи. Работилницата е во рамки на проектот „Социјални претпријатија – мост помеѓу социјалниот сектор и традиционалниот бизнис, (SE-Bridge)“, финансиран од Европската унија во рамките на програмата за прекугранична соработка помеѓу Македонија и…
Read more...
Subscribe to this RSS feed