Актуелно

Повик за ангажирање дизајнер

Асоцијацијата за истражување, комуникации и за развој, ПАБЛИК, Скопје,  во соработка со Здружението Национален Ромски Центар, Куманово, во рамки на проектот – „Спречување на дискриминација кон ромските деца во Република Македонија“, поддржан од Европската Унија, објавува повик за ангажирање на Дизајнер

Рок: 24 ноември 2017 година

Надомест: По договор

ОПИС НА РАБОТНА ПОЗИЦИЈА

Дизајнерот треба да работи со договорен, флексибилен временски распоред во согласност со барањата на конкретниот истражувачки проект („Спречување на дискриминација кон ромските деца во Република Македонија“), со цел да се обезбеди креативни решенија за сите потребни промотивни материјали испродуцирани за потребите на проектот.

ЗАДАЧИ И ОДГОВОРНОСТИ

-          Да работи со тимот на ПАБЛИК и да придонесува за професионалната функција на организацијата во рамките на овој проект,

-          Да испорача соодветен дизајн и графичко уредување на сите потребни промотивни материјали за проектот (летоци, торби, тефтери, пенкалца, букмарси, лифлети и сл.)

-          Развивање на други креативни решенија во согласност со потребите на проектот

-         Да ги извршува должностите во согласност со Статутот и сите политики и процедури и да ја следи мисијата на ПАБЛИК.

 
ВРЕМЕНСКА РАМКА

Ангажманот е очекувано да трае 2 недели  од денот на потпишување на договорот со избраниот кандидат, но не подоцна од 15 декември.

ПРОФИЛ И КВАЛИФИКАЦИИ 

  • Софтверско познавање во ADOBE ( Photoshop, In Design, Ilustrator)
  • Софтверско познавање во Quark, Korel, Prezi, Office
  • Графичко искуство од најмалку 10 години;

 ВЕШТИНИ И СПОСОБНОСТИ

  • Способност за работа со голем број колеги проактивно и позитивно;
  • Одлични интерперсонални и комуникациски вештини;
  • Ефективни организациски вештини и time management вештини
  • Способност за независно флексибилно и кооперативно извршување на работата,
  • Способност за работа под притисок;
  • Одлично и ефикасно користење на работното време;

 Апликација

Заинтересираните кандидати треба да испратат своја кратка биографија електронски, на е-маил: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it., не подоцна од 24 ноември 2017 (крај на ден).

со назнака Повик за ДИЗАЈНЕР.

Лицата кои што аплицирале ќе бидат известени за резултатите од повикот, по електронски пат, најдоцна 3 дена по извршениот избор на консултантот.

Кандидатите може да ги постават своите прашања на: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
Ве молиме без телефонски јавувања.