Актуелно

НОВА ПУБЛИКАЦИЈА ВО ИЗДАНИЕ НА ПАБЛИК: Tесна законска рамка – негативни импликации врз развојот на социјалните претпријатија

Каков екосистем за развој на социјални претпријатија имаат Велика Британија, Франција, Италија, Шведска и Полска? Какви се законските рамки што го регулираат формирањето на оперативните активности на социјалните претпријатија, а какви националните агенди за јавни политики? Но, и какви фискални рамки и пристап до финансии им се потребни на социјалните претпријатија за подобар пораст и развој? Oдговори на овие прашања од неодамна достапни во компаративната анализа, „Екосистеми за развој на социјалните претпријатија“, издание на Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој „Паблик“. „Несоодветна, нејасна и премногу тесна законска рамка може да донесе негативни импликации врз развојот на социјалните претпријатија, не успевајќи да ги идентификува сите субјекти што можат да бидат квалификувани како социјални претпријатија во даден контекст или, пак, создавајќи конфузија околу различните типологии што го сочинуваат спектарот на социјални претпријатија. Затоа, важно е нормативното уредување на секторот да биде помалку круто бидејќи на тој начин на социјалните претпријатија ќе им…
Read more...

БАРАЊЕ ЗА ПРИБИРАЊЕ НА ПОНУДИ за набавка на медиумски производи – кратки документарни филмови

  БАРАЊЕ ЗА ПРИБИРАЊЕ НА ПОНУДИза набавка на медиумски производи – кратки документарни филмови                                                                                                                                                                                Асоцијацијата за истражување, комуникации и за развој ПАБЛИК од Скопје објавува „Барање за прибирање на понуди“ повикувајќи ги сите заинтресирани регистрирани правни субјекти, да поднесат понуди со следните содржински спецификации:   1.1 Општи услови 1.Набавувач на услуги: Паблик, Скопје со седиште во Скопје ул. „Бојмија“ бр. 1-2/21. 2.Предмет на…
Read more...

ПОВИК ЗА УЧЕСТВО ВО ЕДУКАТИВНА ПРОГРАМА ЗА РАЗВОЈ НА КАПАЦИТЕТИ НА СОЦИЈАЛНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА ВО ЈУГОЗАПАДНИОТ И ВО ПЕЛАГОНИСКИОТ РЕГИОН

ПОВИК ЗА УЧЕСТВО ВО ЕДУКАТИВНА ПРОГРАМА ЗА ГРАДЕЊЕ МОСТ ПОМЕЃУ СОЦИЈАЛНИТЕ ПРЕТПРИЈАТИЈА И ТРАДИЦИОНАЛНИТЕ БИЗНИСИ - (SE - BRIDGE) ПОВИК ЗА УЧЕСТВО ВО ЕДУКАТИВНА ПРОГРАМАЗА РАЗВОЈ НА КАПАЦИТЕТИ НА СОЦИЈАЛНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА ВО ЈУГОЗАПАДНИОТ И ВО ПЕЛАГОНИСКИОТ РЕГИОН Три социјални претпријатија кои што ќе покажат најдобри резултати во рамки на програмата, ќе бидат грантирани со по 3.000 евра     Едукативна програма наменета за постоечки социјални претпријатија од југозападниот и пелагонискиот регион во Република Македонија ќе биде одржана во мај и јуни во рамки на проектот, „SE Bridge“, финансиран од Европската унија, чија цел е зајакнување на постоечките социјални претпријатија, поддршка за формирање нови, како и овозможување подобра соработка на социјалните претпријатија со традиционалниот бизнис сектор Обуките ќе им овозможат на учесниците: збогатување на менаџерските вештини за водење социјално претпријатие вмрежување претставување пред потенцијални инвеститори започнување соработка со социјални претпријатија од Албанија За учество во обуките, потребно е да се пополни прашалникот на линкот, најдоцна…
Read more...

Социјални претпријатија – мост помеѓу социјалниот сектор и традиционалните бизниси (SE-Bridge)

Име на проектот: Социјални претпријатија – мост помеѓу социјалниот сектор и традиционалните бизниси (SE-Bridge) Имплементатори на проектот: - Центар за развој на претприемачи и менаџери, CEED Македонија- Асоцијација за истражување, комуникации и развој, „Паблик“, Македонија, - Центар за обука на рурални жени од регионот Дибер, „Агритра Визион“, Албанија, - CEED Албанија Општествен контекст: Во Европа постојат 2 милиони социјални претпријатија и истите претставуваат 10 отсто од сите бизниси во Европската унија. Всушност, повеќе од 11 милиони луѓе (или 6 отсто од сите вработени во ЕУ) работат во претпријатија за социјална економија. На социјалните претпријатија се гледа како на потенцијални ефективни модели за решавање на важни социјални прашања кои директно влијаат на маргинализираните групи. Оттука, социјалната економија и социјалните претпријатија имаат важна улога и влијание како добавувачи на секој пазар. Партнерствата пак со традиционалниот бизнис сектор овозможуваат градење на вистински инклузивни бизнис модели, обезбедувајќи придобивки и за овие компании, како во…
Read more...

Повик за ангажирање Консултант за мониторинг и евалуација

Асоцијацијата за истражување, комуникации и за развој ПАБЛИК, во соработка со Фондацијата за развој на претприемачи и менаџери ЦЕЕД, Македонија, објавува повик за ангажирање на Консултант за мониторинг и евалуација (Супервизор за методологија и истражување), во рамки на проектот Социјални претпријатија – Мост помеѓу социјалниот сектор и традиционалниот бизнис (SE- Bridge), поддржан од Европската Унија. Рок: 17.04. 2018 година Надомест: По договор ОПИС НА РАБОТНА ПОЗИЦИЈА Консултантот за истражување (Супервизор за методологија и истражување) треба да работи со договорен, флексибилен распоред во согласност со барањата на конкретниот проект (SE- Bridge), со цел да обезбеди совети за примена на најдобрата практика за истражување, да развие методологија за мониторинг и импакт евалуација и да придонесе за развој, анализа и следење на податоците и резултатите во рамките на проектот. Експертот ќе биде вклучен во (првичното истражување и оценка на влијанието): развој на инструментите за мониторинг и евалуација, утврдување рамка за анализа на податоци…
Read more...

Повик за ангажирање Методолог за мониторинг и евалуација

Асоцијацијата за истражување, комуникации и за развој ПАБЛИК, во соработка со Фондацијата за развој на претприемачи и менаџери ЦЕЕД Македонија, објавува повик за ангажирање на Методолог за мониторинг и евалуација (Советник за методологија и истражување), во рамки на проектот – Социјални претпријатија – Мост помеѓу социјалниот сектор и традиционалниот бизнис (SE- Bridge), поддржан од Европската Унија. Рок: 17.04.2018 година                                                 Надомест: По договор ОПИС НА РАБОТНА ПОЗИЦИЈА Методологот за истражување (Советник за методологија и истражување) треба да работи со договорен, флексибилен временски распоред во согласност со барањата на конкретниот проект (SE- Bridge), со цел да се обезбеди надзор на севкупниот квалитет на истражувачката компонента на проектот и компонентата за мониторинг и евалуација, вклучувајќи ја и анализата на влијанието на проектот. ЗАДАЧИ И ОДГОВОРНОСТИ Да работи со тимот на ПАБЛИК и со Kонсултантот за истражување, да присуствува на оперативните состаноци и да придонесува за професионалната функција на организацијата во рамките на овој проект, како…
Read more...

Петта средба на работната група за исклученост од правото на домување и бездомништво

Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој „Паблик“ од Скопје, во соработка со Националниот демократски институт, Министерството за труд и за социјална политика и Црвениот крст на Град Скопје, на 28-ми декември 2017 година ја организира Петтата средба на работната група за исклученост од правото на домување и бездомништво. Средбата ќе се одржи од 12 до 16.30 часот во хотелот „Холидеј  ин“ во Скопје. Дел од агендата се дискусии за новите приоди во решавањето на скриеното бездомништво кај нас и случајот на „Чичино село“ , како и за формализирањето на неформалните собирачи на отпад како начин на справување со потенцијалното бездомништво. 27.12.2017
Read more...

Повик за доделување на под-грантови во рамки на проектот „Спречување на дискриминација кон ромските деца“

  Проектот „Спречување на дискриминација кон ромските деца“ се имплементира од страна на Национален ромски центар од Куманово во соработка со партнерската организација „Паблик“ од Скопје во општините Куманопво, Крива Паланка, Кичево, Кочани, Штип и Прилеп, поддржан од страна на Делегација на Европска унија со времетраење од 24 месеци. Општата цел на проектот е да се промовира социјалната интеграција на ромските деца во општеството преку ефективна заштита на нивните основни човекови права. Под-грантовите ќе траат во период од најмногу 6 месеци. Проектите ќе треба да започнат во  март 2018 година, а треба да заврщат најдоцна до крај на август 2018 година. Сите апликации треба да бидат поднесени на македонски и на англиски јазик. Ващите апликации може да ги испратите на следните е-маил адреси: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it. и This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it., или лично во архива на НРЦ на адреса „Доне Божинов„ бр.11/5 Куманово.  Крајниот рок за поднесување на апликации е 15 февруари 2018 година до…
Read more...

Повик за доделување на под-грантови во рамки на проектот „Спречување на дискриминација кон ромските деца“

  Проектот „Спречување на дискриминација кон ромските деца“ се имплементира од страна на Национален ромски центар од Куманово во соработка со партнерската организација „Паблик“ од Скопје во општините Куманопво, Крива Паланка, Кичево, Кочани, Штип и Прилеп, поддржан од страна на Делегација на Европска унија со времетраење од 24 месеци. Општата цел на проектот е да се промовира социјалната интеграција на ромските деца во општеството преку ефективна заштита на нивните основни човекови права. Под-грантовите ќе траат во период од најмногу 6 месеци. Проектите ќе треба да започнат во  март 2018 година, а треба да заврщат најдоцна до крај на август 2018 година. Сите апликации треба да бидат поднесени на македонски и на англиски јазик. Ващите апликации може да ги испратите на следните е-маил адреси: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it. и This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it., или лично во архива на НРЦ на адреса „Доне Божинов„ бр.11/5 Куманово.  Крајниот рок за поднесување на апликации е 15 февруари 2018 година до…
Read more...

Македонија со нов пад во Индексот на клиентелизам во медиумите

Македонија бележи пад во Индексот во клиентелизам на медиумите, особено во делот на способноста на државата сеопфатно да ја разбере состојбата на медумите според декларативното постоење на податоци, што значи проблем во детектирањето и спречувањето на клиентелистички практики, покажуваат резултатите од третото мерење на Индексот на клиентелизам во медиумите во Македонија. Истражувањето беше спроведено и во Романија, Босна и Херцеговина,  Хрватска,  Србија и во Црна Гора, а резултатите беа презентирани на денешната конференција „Индекс на клиентелизам во медиумите: Мерење на реалноста”, која се одржа во ЕУ Инфо центар, во организација на Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој „Паблик“. Пад е забележан и во Хрватска, Босна и Херцеговина и во Романија, а само Србија бележи благо подобрување. - Фокусот на индексот е на капацитетот на општеството да детектира и спречи клиентелистички практики во медиумите. Поточно, ја мери  способноста на општеството да ги одреди ризиците од размената на услуги помеѓу политичките, економските центри на…
Read more...

Претставување на резултатите од третото мерење на Индексот на клиентелизам во медиумите

На настанот „Индекс на клиентелизам во медиумите: Мерење на реалноста", што ќе се одржи утре (15. декември) во 11.00 часот во „ЕУ Инфо центар“ во организација на Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој „Паблик“, ќе бидат презентирани резултатите од третото мерење на Индексот на клиентелизам во медиумите во Македонија.По презентацијата, свои видувања на тема: Клиентелизмот во медиумите, ќе споделат и д-р Снежана Трпевска, експерт за медиумско право и медиумска политика, („Општествените и политичките услови што поттикнуваат клиентелизам и инструментализација на медиумите“), и Јасмина Јакимова, уредничка во Радио МОФ, („Улогата на непрофитните медиуми во борбата против клиентелизмот“). Во рамки на овој настан ќе биде промовиран и новиот број на уличното списание „Лице в лице“, посветен на медиумите на иднината. Инаку, Индексот на клиентелизам во медиумите (МЦИ), врз основа на емпириски податоци, ги мери политичките влијанија врз медиумите, постоечката регулативна рамка, институционалната поставеност и клучните економетриски мерења на реалноста во која работат…
Read more...
Subscribe to this RSS feed